Во земјава 248.934 луѓе се без работа
Во Македонија работната сила изнесува 954.923, од кои 705.990 (73.9%) се вработени и 248.934 (26.1%) се невработени.
Најголем дел или 65.3%, се вработени на возраст од 25 до 49 години, додека најмал дел отпаѓа на лицата вработени на возраст од 65 и повеќе години. Според полот, најголеми разлики има помеѓу мажите и жените на возраст од 25 до 49 години, односно разликата помеѓу вработените мажи и жени изнесува 11.9 проценти поени, додека најмала е кај вработените мажи и жени на возраст од 65 и повеќе години.
Се доаѓа до заклучок дека најголем дел од неактивното население, 29.1%, се на возраст од 65 и повеќе години.
Поради немањето на работа голем дел од младите се селат надвор од државата. Оваа појава е алармантна во последните години.
Граѓаните заминуваат за Германија, САД, Италија, Швајцарија. Анализите на Светска банка покажуваат дека од осамостојувањето до 2010 година, од Македонија се иселиле скоро 500.000 луѓе.
