Во земјата која ја следи цената на нафтата, дизелот падна под 1€
Цената на дизелот по литри на бензинските пумпи ширум Австрија денес падна под едно евра.
На 500 бензински пумпи дизелот денеска чинел само 0,946 евра.
Доколку продолжи поефтинувањето на нафтата на светските пазари би можела и цената на суперот да падне под едно евро, оценуваат австриските авто-мото друштва.
Цената на нафта падна, после минатонеделниот состанок на организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК, на најниска вредност во изминатите шест години, бидејќи не е постигнат договор за намалување на квотата на црпење на нафтата.
Слично
