Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ: Tретина од тестираните се позитивни на коронавирусот

ВО ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ: Tретина од тестираните се позитивни на коронавирусот

Tретина од тестираните во Црна Гора се позитивни на коронавирусот. 

За 24 часа во Црна Гора се регистрирани 230 нови случаи, објави денес Институтот за јавно здравје. 

Најголем број новозаразени има во Погорица (77) и Никшиќ (64).

Во последните 24 часа пријавени се 157 оздравени. 

Потврдени се два смртни случаи, а вкупниот број починати од коронавирус од почетокот на годината во Црна Гора е 138.

Вкупниот број активни случаи на коронавирус во Црна Гора е 3.279, а од почетокот на годината регистрирани се вкупно 8.842 случаи на заразени со вирусот. 

Пред неколку месеци Црна Гора беше европска земја без корона, но во јули вирусот зема замав. 

Слично

Поврзани вести