Во земја од регионот работат скоро 13.000 турски компании
Турција станува најголем странски инвеститор во Црна Гора.
Приливот на странски директни инвестиции од Турција во Црна Гора од 2020 година до август минатата година изнесувал околу 417 милиони евра, што е осум проценти од вкупниот прилив на странски капитал, според податоците на Турската стопанска комора во Подгорица (TurkCham Montenegro).
„Растот во последните две години е особено импресивен. Во 2024 година, турските инвестиции достигнаа 100,9 милиони евра, додека од јануари до октомври минатата година беа реализирани дури 110,8 милиони“, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на Турската стопанска комора, Бурхан Генч, пишува eKapija.
Тој оцени дека овие бројки јасно покажуваат дека Турција е најголемиот странски инвеститор во Црна Гора, со што се потврдува континуитетот и сигурноста на нивното партнерство.
„Денес во Црна Гора работат повеќе од 12.900 турски компании, што претставува една четвртина од сите странски компании во земјата и е конкретен доказ за довербата на турските инвеститори во деловната клима, правната безбедност и потенцијалот за раст на црногорската економија“, рече Генч.
Структурата на инвестициите е разновидна: од меѓукомпаниски долг од 51,8 милиони евра, преку инвестиции во недвижности од 35,6 милиони евра, до директни капитални инвестиции во домашни компании и банки. Секоја од овие инвестиции придонесува за зајакнување на економијата, развој на инфраструктурата и создавање нови работни места.
foto freepik.com
