Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

Во вторник, 8 октомври, во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот кредит од 500 милиони евра, кој ќе го обезбеди поддршката за македонскиот бизнис сектор и општинските проекти.

Министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочовска, го најави патувањето за Будимпешта, каде што официјално ќе биде склучен договорот. Таа очекува парите да бидат на сметките на државниот буџет до крајот на следната недела, што ќе овозможи брзо стартување на реализацијата на проектите.

Ова финансирање е дел од договорот што премиерот Мицкоски го постигна со унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон.


Слично

Поврзани вести