Во време на пандемија Израел имаше раст каков немале две децении
И во време на пандемија, на Израел добри му оди. Израел лани имаше највисока стапка на економски раст во последните 21 година.
Податоците ги објави Централното биро за статистика на Израел. Потрошувачката, извозот и инвестициите во 2021 година пораснале двоцифрено, што претставува закрепнување за време на пандемијата на коронавирус. Економскиот раст беше 8,1 отсто, што е значително над претходната проценка на Централната банка на Израел дека растот ќе изнесува 6,5 отсто. Заводот за статистика заклучи дека Израел е меѓу оние земји кои имале најголем економски раст во светот. Централната банка на Израел најави дека оваа година економскиот раст ќе биде 5,5 отсто. Лани повеќе земји во светот беа во рецесија.
foto freepik.com
