Во време на неизвесност што со „Лукоил“, Собранието склучи договор од 2,3 милиони денари
Додека се чека кој ќе го преземе „Лукоил“ надвор од границите на Русија и во време на неизвесност – што понатаму доколку не се дојде до договор, македонското Собрание склучи договор за гориво за патничките возила и дизел агрегат тежок 2,3 милиони денари.
Единечните цени за горивата не се прецизирани – ќе се точи гориво според цената која ја носи Регулаторната комисија за енергетика на неделно ниво, со попуст од 2,1 денар, односно 2,48 денари по литар.
Договорот почнал да важи од 27 ноември и ќе трае во наредните две години, а максималната количина дизел гориво која „Лукоил“ ќе ја однесе до Собранието за двата собраниски агрегти е 100 литри.
Во меѓувреме, се чека одлуката, кој ќе биде новиот сопственик на „Лукоил“. Во отсуство на официјални информации од компанијата, а по пропаднатиот договор со кипарската „Гунвор Груп“, се шпекулира дека во трка за имотот на „Лукоил“ се влезени американската „Ексон“, унгаски „Мол“, грчки „Хеленик петролеум“, како и американскиот инвестициски фонд Карлајл, со што не се исклучува можноста за „распарчување“ на имотите на „Лукоил“ ширум светот.
Александар Тодески