Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во време на корона во град од регионот просечните плати се 1.000 евра

Во време на корона во град од регионот просечните плати се 1.000 евра

Просечната плата во Загреб се зголемила за 3,3 проценти во споредба со лани. 

Просечната нето-плата на вработените во Загреб за август 2020 година била 7.730 куни (околу 1.000 евра), што е номинален пораст од 3,3 проценти во споредба со истиот период минатата година, објави Одделот за статистика на Градскиот завод за стратешко планирање и развој на градот Загреб.

Во однос на просечната месечна плата на ниво на цела Хрватска, која изнесувала 6.723 куни, просечната исплатена нето-плата во Загреб за истиот месец била поголема за 1.007 куни (околу 130 евра), објави порталот Индекс.

Највисоката просечна нето-плата во Загреб за август е исплатена во дејноста екстракција на сурова нафта и природен гас, и таа изнесува 12.249 куни.

Слично

Поврзани вести