Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во време на истрагата за „Пуч“ никнуваат снимки на Јутјуб од разговори меѓу Заев и Груевски

Во време на истрагата за „Пуч“ никнуваат снимки на Јутјуб од разговори меѓу Заев и Груевски

Разговор на премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата Зоран Заев е прикажан во видео снимка преку Јутјуб објавија медиумите.

Имено, некои тврдат дека станува збор за содржина во која лидерот на опозицијата вели дека снимките и аргументите со кои ќе го докаже криминалот на владејачката партија, ги добил од странски служби.

Се побудуваат многу прашања кај јавноста и збунувачки е тоа што во моментот кога се врши истрага за акцијата „Пуч“ се добива објаснување дека снимката е добиена од каналот Јутјуб, а оттука уште позбунувачки за јавноста е како е можно доказен материјал да стои на Јутјуб кој е постиран денеска на таа мрежа со наслов на видеото „Вистината на виделина“.

Од Европската унија денеска покажаа загриженост за начинот на кој викендов се реализираше акцијата „Пуч“, како и медиумската пристрасност при информирањето.

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска на прес -конференција повторно ја искажа загриженоста на Брисел за акцијата во која Зоран Заев, претседателот на СДСМ и уште три други лица се осомничени за шпионажа и загрозување на уставниот поредок и недемократско превземање на власта.

Таа потсети дека очекува праведна, независна и транспарентна истрага во случај на било-какво наводно погрешно работење, со целосно почитување на правата на обвинетите во согласност со правото и меѓународните стандарди, вклучувајќи го и принципот на пресумпција на невиност.

 Се очекува произнесување на надлежните во врска со видеата.

Слично

Поврзани вести