Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во војните во Сирија и Ирак учествувале околу 300 косовски албанци

Во војните во Сирија и Ирак учествувале околу 300 косовски албанци

Косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени изјавил дека околу 300 косовски граѓани досега учествувале на војните полиња во Сирија и Ирак.

Приштински медиуми објавиле и дека истражни органи водат истрага против вкупно 135 лица осомничени за тероризам. Се наведува дека истрага се води против осомничени лица поради поттикување за учество во војни надвор од Косово, главно во Сирија, на страна на терористички организации.

„Во специјалното обвинителство на Косово се префрлени осум случаи од 2014 година. Во четири од случаите под истрага се 19 лица, во два случаја се две лица, додека еден случај е во прелеминарна фаза од истрагата“, изјавила портпаролката на обвинителството, Лиридона Козмачи-Хајдарај.

Во специјалното јавно обвинителство 117 лица се осомничени за тероризам, а во текот на оваа година се поднесени четири обвиненија против 14 лица за кои постои сомнеж дека поттикнувале кривични дела, учествување во терористички акти и групи или обезбедување финансиска поддршка, нагласи Козмачи-Хајдарај.

Слично

Поврзани вести