Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во „Водовод и канализација - Скопје“ зачудени, дневно се трошеле по 700 литри вода по човек

Во „Водовод и канализација - Скопје“ зачудени, дневно се трошеле по 700 литри вода по човек

ЈП Водовод и канализација – Скопје објави дека во овие летни денови е измерена енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови.

- Конкретно на ден 23.06.2025 година дневната потрошувачка на вода изнесуваше рекордни 356.000 м3, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител. Потрошувачката е  предизвикана од неконтролирано трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени, реагираат од скопското јавно претпријатие.

Од таму до граѓаните апелираат на совесно и рационално користење и употреба на водата, но и изразуваат сомнеж во пребегнување кон диви приклучоци.

- Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk или www.vodovod-skopje.com.mk 

Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје, додаваат од „Водовод и канализација“.

Слично

Поврзани вести