Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ВИС ЦЕНАТА НА ГАСОТ: Скокна на 1.800 долари

ВО ВИС ЦЕНАТА НА ГАСОТ: Скокна на 1.800 долари

Цената на гасот во Европа продолжува да расте и утрово за прв пат од октомври го надмина нивото од 1.800 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Јануарските фјучерси на гас во холандскиот центар ТТФ скокнаа на отворањето на денешното тргување на 1.803 долари за 1.000 кубни метри, или 154,35 евра за мегават час, пренесува Тас.

Рускиот гасен холдинг Гаспром не резервира капацитет за транзит на природен гас преку гасоводот Јамал Европа, кој минува низ Полска, за 21 декември.

Поради тоа утрово беше прекинат физичкото снабдување со гас за Германија преку тој гасовод.


Слично

Поврзани вести