Во Варна 11 мртви, Плевнелиев во посета на погодените региони
Претседателот Росен Плевнелиев и европскиот комесар за меѓународна соработка, хуманитарна помош и реакција при ризик, Кристалина Георгиева ќе ги посетат најпогодените региони од поплавите Варна и Добрич.
Тие ќе го посетат кризниот штаб и пустоштот што водата го остави во Варна населбата "Аспарухов". Подоцна ќе го посетат Добрич, каде ќе се запознаат со ситуацијата во градот.
Вчера беше откриена уште една жртва на водната стихија во населбата "Аспарухов". Сигнал за забележано женско тело во водата на каналот беше поднесен синоќа околу 18:30 часот. Со ова жртвите на водната стихија во Варна стануваат 11.
Тешка останува ситуацијата во Добрич и областа. Иако во регионот веќе не врне, десетици домови, улици и згради се поплавени. Еден човек загина од надојдената вода во Добрич.
фото: DarikNews.bg
Слично
