Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во усвоениот извештај на ЕП за Србија за првпат се споменува „взаемно признавање“ на Србија и Косово

Во усвоениот извештај на ЕП за Србија за првпат се споменува „взаемно признавање“ на Србија и Косово

Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент усвои најголем дел од амандманите на текстот на резолуцијата за Србија, во кои наводно се бара од соседна Србија поблиска усогласеност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, со посебен акцент на барањето Србија да воведе санкции за Русија, за да го продолжи патот на Србија кон ЕУ.

- Во усвоениот извештај за првпат експлицитно се наведува очекувањето за „взаемно признавање“ на Србија и Косово, односно дека Белград и Приштина се очекува да потпишат правно обврзувачки договор заснован на меѓусебно признавање - пишува „Данас.рс“. 

Ова е во согласност со директните и остри пораки за признавањето на Косово што ги даде германскиот канцелар Олаф Шолц при неговата неодамнешна посета на Белград и Приштина.

Усвоен е и посебен извештај за Косово, како и за Босна и Херцеговина, а неколку амандмани биле отфлени. Извештајот беше усвоен со 50 гласа „за“ и пет гласа „против“.

Слично

Поврзани вести