Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во УЈП тргнаа на работа 101 рамковно вработени: Пауновски стави рампа, овде топло добредојде

Во УЈП тргнаа на работа 101 рамковно вработени: Пауновски стави рампа, овде топло добредојде

Од денес 101 лице, вработени во јавната администрација по Рамковен договор почнуваат со работа во Управата за јавни приходи. Станува збор за прераспределба на вработените по програмата К-5 од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, административци кои секако земаа плата но за нив досега немаше работно место. Информацијата за потпишувањето на договорите ја објави заменикот директор на Управата за јавни приходи Абдул - Селам Селами. 

„Како заменик директор на УЈП, сакам да ја искористам оваа можност да им посакам на сите вработени здравје, добар почеток и успешна работа во извршувањето на задачите и обврските дадени според работното место. Да се биде дел од тимот на УЈП е чест и привилегија, но исто така и висока, морална и општествена одговорност, правилно и правично да им служи на граѓаните на Северна Македонија.

Рамковно вработените беа жешка тема во јавноста кога Стојко Пауновски, поранешниот прв човек на Државниот пазарен инспектор лица одби да прими дел од нив во таа институција со образложение дека немаат доволни квалификации. Поради „пркосот“ кон премиерот Зоран Заев, дури беше и разрешен. 

Слично

Поврзани вести