Во Турција ќе ги вакцинираат децата само со согласност на родителите
Само со согласност на родителите ќе се вакцинираат децата во Турција. Тоа го одлучи Уставниот суд во земјата, пренесе „CNN Turk“.
Судиите коментираат дека без законска промена по прашањето за задолжителните вакцинации, нема како да биде вметната вакцина на бебињата и децата без родителите да дадат својата согласност.
Судот утврдил дека ваквите дејствија се спротивни на уставот и ги прекршуваат членовите права за неприкосновеност на личноста, како и за основните права и слободи. Тоа е преседан во турската судска пракса.
Во земјата се забележува раст на бројот на родители кои не сакаат нивните деца да бидат вакцинирани поради различни причини.
Слично
