Во Турција исчезнаа 14 бродови на морнарицата
Повеќе од 14 бродови на турската Воена морнарица и понатаму се наоѓаат на отвотрено море и со нив не може да се стапи во контакт.
Турските власти се плашат дека е можно на нив да се наоѓаат „пучисти“ кои сакаат да побегнат од Турција.
Воените власти не можат да воспостават контакт со командантот на турската морнарица, адмиралот Вејсел Ќоселе.
Не е познато дали Ќоселе е еден од организаторите на обидот за државен удар за да се собори од власт турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, или „пучистите“ го држат како заложник.
Пред два дена најмалку 42 хеликоптери на турската војска исчезнаа пред или за време на неуспешниот обид за преврат во земјата. И тогаш постоеше страв дека се подготвува нов воен удар.
Слично
