Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ТУРЦИЈА САМО СО ЛИЧНА КАРТА? Наскоро ќе им се олесни патувањето на Србите

ВО ТУРЦИЈА САМО СО ЛИЧНА КАРТА? Наскоро ќе им се олесни патувањето на Србите

Турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој е во посета на Белград, кој со српскиот претседателот Александар Вучиќ разговарал за можностите за подобрување на соработката во областа на туризмот.

Среде туристичката сезона, властите на двете земји констатираат дека бројот на туристи од Турција во Србија расте, во првите пет месеци имаше дури 49 проценти повеќе отколку лани во исто време. Освен тоа и нивниот престој е подолг, заради што од турска страна, а со цел полесно патување, пристигна нов предлог.

„Министерот Ерсој сугерираше дека олеснување на патувањата меѓу нашите две земји, односно нашите граѓани да можат да влегуваат само со лични карти, и тоа е предлог што беше прифатен“, рече министерката за туризам, Татјана Матиќ.

„Мислам дека воздушниот сообраќај треба да биде поинтензивен кога патувањетобиде овозможено само со лична карта. Ќе работиме брзо на тоа", рече турскиот министер Мехмет Нури Ерсој.


Слично

Поврзани вести