Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Турција на 26 локации има резерви на нафта

Во Турција на 26 локации има резерви на нафта

На 26 локации на копно во Турција се најдени резерви на нафта. 

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез изјави дека покрај откритијата на резерви со нафта во Црното Море, оваа година Турција на 26 локации на копно има пронајдени резерви на нафта. Тие се со голема и значајна вредност. Се проценува дека нивната вредност е  26 милиони барели нафта.

Се очекува цената на нафтата и натаму да расте. „Bank of America“ прогнозира дека нафтата на светските берзи до јуни 2022 година би достигнала фрапантни 120 долари од барел. Цената на суровата нафта од типот „брент“денеска се движи помеѓу 82 и 84 долари. 

Слично

Поврзани вести