Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во ЦУК 300 пријави за штети – се врши проценка на оштетувањата

Во ЦУК 300 пријави за штети – се врши проценка на оштетувањата

Околу 300 пријави за штети на објектите во неколкуте потреси во Скопје се регистрирани во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пријавите главно се однесуваат на разурнати фасади, оштетени покриви, скршени прозорски окна. Штети како последица од земјотресот вчера се пријавени  и во СВР Скопје, за оштетувања на повеќе  автомобили, паднати плафони, искршени прозорски стакла на ОУ „Димитар Беровски“ во населбата „Ѓорче Петров“, во Институтот за македонски јазик, во објектот на МРТ, повеќе приватни куќи во село Батинци, Драчево, Гази Баба, Бит Пазар, Центар, а пријавено е и дека е паднат оџак од зграда во населба Железара.

Во ЦУК може да се пријават штети на отворениот телефон 195 или пак на меилот на ЦУК: mail@cuk.gov.mk.

Екипи на ИЗИИС и на скопските општини веќе прават увид на првично пријавените штети односно на степенот на оштетување.

Управувачкиот комитет вчера ги задолжи сите општински кризни штабови во градот Скопје, како и кризниот штаб на Град Скопје, да извршат паралелно обиколка на сите определени места во нивната општина, особено за проверка на патната инфраструктура, како и на водоводната и канализациската инфратсруктура.

По десетина потреси вчера, денеска има два нови потреси.

Слично

Поврзани вести