Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Црна Гора во март за 17% повеќе туристи

Во Црна Гора во март за 17% повеќе туристи

Во месец март Црна Гора ја посетиле 28.343 туристи, што претставува раст од 17%, покажуваат податоците на Монстат.

Реализирани се 98.770 ноќевања или за 12% повеќе во однос на март лани. Во првиот квартал годинава во земјата престојувале 71.147 туристи, што е за 9% повеќе во однос на истиот период лани. Во првите три месеци од 2016 година имало 269 206 туристички ноќевања или за 12% повеќе од минатата година. Во овој период, зголемување за 25% има на српските туристи, кај туристите од Велика Британија растот е за 21%, а кај руските туристи има раст од 6%.

Се смета дека овие добри резултати на полето на туризмот се поради добрата понуда, поволни цени и достапност со авио превоз.

Слично

Поврзани вести