Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Црна Гора од свински грип починаа 10 луѓе

Во Црна Гора од свински грип починаа 10 луѓе

Во Црна Гора од вирусот на свински грип починаа 10 луѓе, соопштуваат од Институтот за јавно здравје.

Сите починати, освен едно лице за кое нема податоци, имале хронични болести. Последната жртва е малолетно лице со хронична болест кое не било вакцинирано. Од Институтот за јавно здравје велат дека од почетокот на годината вирусот е потврден кај 219 луѓе. Епидемиолозите велат дека повеќето заболени се опоравуваат во текот на првата или втората седмица откако ќе се јави болеста. Само старите луѓе со ослабнат имунитет чувствуваат слабост подолго време по јавувањето на симптомите. Како превенција се препорачува вакцинација и избегнување контакт со заболени лица.

Слично

Поврзани вести