Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Црна Гора лани отворени 2.647 фирми

Во Црна Гора лани отворени 2.647 фирми

Во Црна Гора лани се отворени 2.647 фирми, што е за 10.2% повеќе во однос на 2014 година.

Монстат соопштува дека во земјата има вкупно 25.955 фирми, од кои 9.350 или 36% се во Подгорица, а потоа следи Будва со 3.021 фирма, Бар со 2.616. Во Никшиќ има 1.675 фирми, а најмалку има во најмалите општини Гусиње и Петници, 6 и 8. Во сите градови бројот на компании е зголемен, освен во Жабјак каде се намалил бројот за 12. Во овој град се евидентирани 100 фирми.

Од нив 99.4% се фирми во приватна сопственост, а државата е сопственик на 94 компании или 9 повеќе од 2014 година. Повеќе облици на сопственост има во 60 компании.

Слично

Поврзани вести