Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Црна Гора бројот на невработени зголемен за 5.1%

Во Црна Гора бројот на невработени зголемен за 5.1%
Во Црна Гора бројот на невработени е зголемен за 5.1%, покажуваат статистиките. Активното население во четвртиот квартал лани било 267.6 илјади,  од кои 219.8 илјади вработени и 47.8 илјади невработени. Според податоците од анкетата на Монстат, стапката на активност во четвртиот квартал била 53.5%, стапка на вработени 43.9% и  на невработеност 17.9%. За популација од 15 до 64 години, стапката на активност е 62.4%, на вработеност 51.1%, а на невработеност 18%. Опфатени за истражувањето биле 2.05 илјади домаќинства во Црна Гора. Демографски застапени биле сите возрасни групи.
Слично

Поврзани вести