Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ТРИТЕ НАЈГОЛЕМИ БАНКИ: За 110 милиони евра пораснале заштедите на граѓаните!

ВО ТРИТЕ НАЈГОЛЕМИ БАНКИ: За 110 милиони евра пораснале заштедите на граѓаните!
Во категориите депозити по видување и орочени депозити заштедите на Македонците во „Комерцијална банка“, „Стопанска банка Скопје“ и во „НЛБ Тутунска банка“ изнесувале вкупно 115,3 милијарди денари (1,87 милијарди евра) Заштедите на граѓаните лани во „Комерцијална банка“, „Стопанска банка Скопје“ и во НЛБ „Тутунска банка“ пораснале за 6,6 милијарди денари односно за околу 110 милиони евра, покажа анализата на „Фактор“ на ревидираните финансиски извештаи на трите најголеми банки, објавени на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Во категориите депозити по видување и орочени депозити на граѓани трите најголеми банки бележат солидни зголемувања на депозитните бази генерирани од заштедите на населението во земјава. Во споредба со 2013 година заштедите на Македонците во двете горенавадени категории пораснале за 6,6 милијарди денари односно за околу 110 милиони евра. Уште една заеднички и интересен тренд е тоа што Македонците ги конвертираат своите краткорочни во долгорочни заштеди. А тоа веројатно е резултат на дестимулативната банкарска политика за краткорочни заштеди при што значаен дел од штедачите заради попрималивите годишни каматни стапки решиле да ги „форматираат“ своите заштеди од краткорочни во долгорочни. Во „Комерцијална банка“ Македонците штедат најмногу пари, најголем раст има „НЛБ Тутунска банка“ Податоците покажуваат дека на крајот на ланската година најголема депозитна база (орочени и депозити по видување на домаќинства) има „Комерцијална банка“. Износот е 48,92 милијарди денари (над 800 милиони евра) и во споредба со салдото од крајот на 2013 година зголемувањето е 2,34 милијарди денари (безмалку 40 милиони евра). Во структурата соодност на долгорочни во однос на краткорочни заштеди е околу 8 наспрема во корист на краткорочните заштеди. Но од друга страна во споредба со 2013 година нивото на краткорочни заштеди бележи стагнација, а растот на долгорочните заштеди изнесува речиси 30 отсто. НЛБ „Тутунска банка“ 2014 година ја затвори на ниво на заштеди на домаќинства (орочени и по видување депозити) на износ од 28,7 милијарди денари. Во споредба со крајот на 2013 година растот изнесува 2,5 милијарди денари односно речиси 40,6 милиони евра. Во структурата се забележува благ пад на краткорочните орочени депозити наспроти долгорочните кои бележат раст од речиси 17 отсто. ZASTEDI Кај „Стопанска банка Скопје“ нивото на депозити по видување и орочени изнеува 37,68 милијарди денари (над 600 милиони евра). Растот во 2014 во споредба со 2013 година изнесува 1,76 милијарди денари и во апсолутен износ е помал од растовите на депозитите на домаќинства во другите две банки. Трендот е ист како и кај НЛБ Тутунска банка. Растат депозитите орочени на долг рок, а се намалуваат краткорочните депозити. Долгорочните орочени депозити на крај на 2014 година бележат зголемување за 22,5 отсто односно за 2,66 милијарди денари и по тој параметар пак „Стопанска банка Скопје“ е подобра од другите две банки. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести