Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Тирана го гаѓаше со јајце, но денеска дебранецот Цапа доби „прошка“ од Груевски

Во Тирана го гаѓаше со јајце, но денеска дебранецот Цапа доби „прошка“ од Груевски
Прво фрлаше со јајца по македонскиот премиер во Тирана , денеска дебранецот Таулант Цапа дојде во пријателска посета и средба кај Груевски. Како што пренесе МИА, средбата се одржала во кабинетот на Владата. За „инцидентот“ при посетата на Груевски во Албанија, кога Цапа го поздрави со јајца, тој вели дека тоа не било направено во знак на револт или нешто лично. „Напротив, јас ги почитувам заедничката држава и работата на Груевски како премиер“, посочил Цапа по средбата кој во текот на разговорот му се извинил за инцидентот, а Груевски го прифатил извинувањето. Можноста да се сретнам со премиерот, истакнал Цапа, е потврда за позитивните политики и определбата за заеднички соживот и меѓусебно почитување. Дебранецот Таулант Цапа беше гостин на Илинденска кај премиерот за да му каже дека се кае и му е жал за инцидентот кој го предизвикал тогаш во Тирана, известува Сител. За време на инцидентот кој се слуши во ноември, минатата година, Цапа со јајца го нападна македонското владино возило. Подоцна тој беше уапсен. За него сепак нема распишана потерница бидејќи станува збор за напад на странски официјален претставник, но е сторено надвор од територија на Македонија.
Слично

Поврзани вести