Во Тетово се протестираше против загадувањето од „Југохром“
Тетовчани денеска повторно излегоа на протест против загадувањето од „Југохром“ .
Со транспаренти „Стоп за еколошкиот геноцид“ и со маски на лицето околу 200 граѓани протестираа пред комбинатот.
Протестот траеше околу половина час а организаторите од „Еко Герила“ уште една побараа поставување на филтри на оџаците.
Тие велат дека заради профитот за државата, се дозволува да работи најголемиот загадувач на Полошкиот регион „Југохром“ и се трујат стотици илјади невини граѓани.
Слично
