Во Тетово и Скопје како во гасна комора
Загаденоста на воздухот во Скопје и Тетово е дури шест пати повисока од дозволеното.
Овие градови и понатаму рушат рекорди и се лидери во Европа по нивото на загаденост на воздухот.
Ова го покажуваат и мерењата на Независниот истражувачки центар Нумбео кој го мери квалитетот на воздухот во 59 европски градови. Со загадениот воздух мака мачат и во Битола и Кавадарци.
Се чини дека надлежните го преспаа и ова лето и не презедоа конкретни мерки за решавање на проблемот, кој на годишно ниво зема повеќе од 1.300 животи.
Од Градот Скопје соопштија дека од утре ќе почнат со прскање на улиците со калциум магнезиум ацетат, средство кое ги лепи штетните ПМ 10 честички за тротоарот.
Дел од еколошките здруженија пак, сметаат дека градот не прави доволно за намалување на загаденоста. Не очекуваат дека новите мерки на градот ќе дадат резултати, бидејќи решението го гледаат во долгорочни мерки.
Долгорочното решавање на проблемот според еколозите е во гасификацијата и квалитетното греење на домаќинствата.
