Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во тешка сообраќајка кај Стража повредени пет лица

Во тешка сообраќајка кај Стража повредени пет лица

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа која утрово околу 9.15 часот се случила на патот Кичево-Скопје кај Стража.

Во несреќата учествувале „голф“ со скопски таблички и „мерцедес“ со италијански таблички.

Повредените се префрлени во кичевската болница, а едно потешко повредено лице, поради сериозноста на повредите, е префрлено на скопските клиники.

Сообраќајот на автопатот Охрид – Скопје кај Пресека е нормализиран, потврдуваат од Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот беше во прекин во двата правци утрово поради сообраќајката.

Слично

Поврзани вести