Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во текот на војната ја напуштила државната работа и почнала свој бизнис

Во текот на војната ја напуштила државната работа и почнала свој бизнис

Почнале во мала изнајмена соба, а денес ја имаат една од најголемите приватни болници на Балканот, пишува српски Телеграф. 

Доктор Јасмина Кнежевиќ вели дека иако сите мислат дека за свој бизнис е потребен капитал, сепак според неа тоа не е точно. 

Додава дека вистинскиот претприемач гледа шанса таму каде другите не гледаат, но потреба е истрајност и упорност за да човек се впушти во нешто непознато. 

Лекарката вели дека во текот на војната мислела дали да си замине од Србија или не, отсекогаш имала претприемачки дух, а како што вели државната работа не нуди шанса нешто многу да се смени. 

Почнала во 1995 година, во мал стан кој го делела со стоматолози. 

Денес има 400 вработени, и 400 консултанти, што значи дека месечно исплаќаат 800 плати. 

Пред години и пол отворила и родилиште во болницата, на што докторката е особено горда. 

Слично

Поврзани вести