Во тек собирите на ГДОМ, бараат да запрат деструктивните политики
Собирот на Граѓанското движење за одбрана на Македонија започна во Штип.
Тие се против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, уривањето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите. ГДОМ досега ги одржуваше протестите во Скопје и ги прекина со објаснување дека нивната цел е постигната односно решението за изборите за 5 јуни е потпишано. Поддржувачи на ГДОМ вечерва ќе се соберат во Битола и Велес.
Од ГДОМ најавуваат повеќе граѓански собири и во други општини.
Слично
