Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ТЕК СЕ ПРЕТРЕСИ НА 50 ЛОКАЦИИ, 19 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ - голема полициска акција во Република Српска

ВО ТЕК СЕ ПРЕТРЕСИ НА 50 ЛОКАЦИИ, 19 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ - голема полициска акција во Република Српска

Од утрово во Република Српска се спроведува голема акција на МВР на РС и Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА). Во тек се претреси на 50 локации, а 19 лица се уапсени.

Акцијата се спроведува по налог на Обвинителството на БиХ.

Станува збор за акција „Сториџ 2“ и е насочена кон разбивање на организираниот криминал во врска со недозволено производство и трговија со дрога, оружје и трговија со луѓе.

Акцијата се спроведува на подрачјето на Бања Лука, Градишка, Бјелина, Добој и Нови Град. 

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести