Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во тек се преговорите во УКИМ, ќе има ли нов закон?!

Во тек се преговорите во УКИМ, ќе има ли нов закон?!

Како што беше најавено преговорите во Ректоратот започнаа во 14 часот во истиот состав и на исто место .

Се преговара за реформите во високото образование.

Ова е втората средба од почетокот на студентската окупацијата на универзитетите која беше направена поради револтот на студентите од измените во Законот за високо образование и воведувањето државен испит. Дискусијата ќе трае неколку часа .

Министерот Адеми вчера не потенцираше дали ќе има нова идеја истакна само дека е задоволен од досегашните преговори и за него најважно било што имало конструктивен договор.

Студентите не се повлекуваат од нивните барања се додека не биде донесен целосно нов закон за високо образование.

  (Фото:Радиомоф)

Слично

Поврзани вести