Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во тек е средбата во Пржино, ќе се разговара за медиумите

Во тек е средбата во Пржино, ќе се разговара за медиумите

Во резиденцијата на ЕУ во населбата Пржино почна средбата меѓу претставниците на четирите најголеми политички партии, потписнички на договорот од Пржино за решавање на политичката криза.

На состанокот се Рената Дескоска од СДСМ, Никола Тодоров од ВМРО – ДПМНЕ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. На средбата присуствуваат и амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Разговорите се одржуваат по вчерашната посета на германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл. Најава за лидерска средба нема.

Преговорите меѓу партиите беа прекинати кон средината на јуни поради  спротивни ставови на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ за регулацијата на медиумите и за начинот на прочистување на избирачкиот список.

Слично

Поврзани вести