Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ТЕК Е СЕДНИЦА: Ќе биде ли усвоен планот на обвинителката Јанева?

ВО ТЕК Е СЕДНИЦА: Ќе биде ли усвоен планот на обвинителката Јанева?

Пред пет дена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева до Советот на обвинители, Владата и Собранието ги предаде општиот работен, финансиски и персонален план за работа, за кои Советот на Јавни обвинители ќе расправа денеска и се очекува нивно усвојување.

Во тек е седницата на Советот на која е присутен и и државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Од што се состои планот на Јанева.

Во персоналниот план Јанева има предложено тим од 14 обвинители со кои заедно треба да работи во истражување на кривични дела поврзани со прислушуваните разговори.

„Изразувам очекување Советот за јавни обвинители да ги имплементира плановите и да ги избере јавните обвинители предложени од моја страна. Плановите се направени врз основа на анализа на досега достапните податоци за предметите, очекувањата за прилив на нови предмети, како и реалните потреби за обезбедување на независност и автономност во работењето на Јавното обвинителство.”

Првите резултати од работата на Обвинителката се очекуваат да бидат соопштени пред јавноста од 15 декември до 15 март. Во предвидениот период се очекува и понесување на првите обвиненија.

Она што пак ја заголицка јавноста и предизвика лавина реакции е финансискиот план.

За работа од три месеци Јанева за работата на Обвинителство побарала буџет за работа од околу еден милион евра.

Според она што е објавено во извештајот Катица вели дека тие пари и се потребни нејзе и на нејзиниот тим за плати, истрага, за стручни и надворешни соработници, истражители, како и за  трошоци за патувања и истраги во странски земји, кои беа спомнати во неколку аудио снимки од објавените прислушувани разговори, бидејќи целата работа не може да се врши само од канцеларија.

Во извештајот уште се додава дека парите се проектирани како неопходни за Јавниот обвинител да ја изврши оваа, во моментот најодговорна функција во Република Македонија.

Слично

Поврзани вести