Во тек е работната средба во УКИМ за изготвување на нов Закон за високо образование
Двајца претставници од Студентскиот пленум денеска ќе присуствуваат на средбата на работната група за изготвување на нов Закон за високо образование која започна во 14:30 во Ректоратот на УКИМ.
Состанокот ќе биде од конститутивен карактер и се очекува од истиот да се утврди динамиката и методологијата со кои ќе се изготвува новиот ЗВО. На истиот ќе присуствуваат:
1. Проф. д-р Влатко Стоилков (проректор на УКИМ) 2. Проф. д-р Борче Давитковски (декан) 3. Проф. д-р Љубомир Дракулевски (декан) 4. Проф. д-р Елена Думова Јованоска (поранешен проректор) 5. Проф. д-р Зоран Велковски (поранешен проректор) 6. Проф. д-р Билјана Камчевска (сенатор) 7. Васка Бојаџи (студентски правобранител) 8. Претставник од Професорскиот пленум 9. Претставник од Професорскиот пленум 10. Претставник од Студентскиот пленум 11. Претставник од Студентскиот пленум
Студентскиот Пленум очекува низ академска расправа да се дојде до најдобро законско решение кое ќе го отсликува високообразовниот систем во Република Македонија, но и ќе предвиди нужни промени со цел унапредување на квалитетот на високото образование.
