Во тек е евакуацијата на инвалиди во Обреновац, Сава се излеа кај кулата Небојша
Реката Сава во Белград е во благ пораст, но состојбата е под контрола и насипите се зголемуваат од Газела кај Железничкиот мост , изјави денеска началникот на оперативниот градски центар за вонредни состојби Александар Марсениќ.
Тој додава дека евакуацијата на загрозените од Обреновац ќе продолжи и во текот на ноќта.
Во Обреновац се пронајдени 12 безживотни тела. Пребарувањето се врши врз основа на дојави од нивни роднини.
Слично
