ВО СВОЈАТА ЗЕМЈА, ВО ЕУ ИЛИ НАДВОР ОД ЕУ: Kаде најчесто патуваат Европејците?
Според податоците на Евростат, 71 отсто од граѓаните на Европската Унија(ЕУ) патуваат во рамки на сопствената земја, 21 отсто во други земји на Унијата, а само 8 отсто надвор од ЕУ.
Само 8 отсто од Шпанците патуваат надвор од својата земја. Зад нив се Французите и Романците, со по 9 отсто од патувањата во други земји од ЕУ. На спротивниот крај се Луксембург (78 отсто), Белгија (62 отсто) и Малта (48 отсто).
Анализата на „Europe in Motion“ покажува дека жителите на Луксембург трошат најмногу, односно во просек 1.758 евра за патување во странство подолго од четири ноќевања.
foto freepik.com
Слично
