Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во свински врат откриен генетски профил на листерија

Во свински врат откриен генетски профил на листерија

Опасната бактерија листерија е пронајдена во производите на кумановскиот производител „Екстра Меин“, поточно во вакумиран свински врат информираат попладнево од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

„Испитувањата на вкупно 650 мостри прехрамбени производи покажаа дека бактеријата листерија е најдена во триесет производи што термички се обработуваат и се сметаат за безбедни за јадење и кај еден производ што не се обработува термичики- вакумиран сечкан свински врат. Генетичките профили на листеријата од овој производ во 98% се совпаѓаат со оние најдени кај 8-те раболени од листериоза“, изјави професор д-р Ѕвонко Миленковиќ, претседател на Комисијата за заразни болести.

 - Допрва ќе се прават анализи од мостри од површините и масите од фабриката каде што се произведува месото, но издадена е наредба производите да бидат повлечени изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски.

Слично

Поврзани вести