Во светот ќе се произведува се помалку кафе
Климатските промени го загрозуваат производството на кафе во светот.
Во Бразил, најпогодните површини за негово одгледување може да се намалат за 79 отсто до 2050 година. Светот може да изгуби половина од полињата за кафе со врвен квалитет во сценарио на умерени климатски промени во наредните децении, објави Science Alert.
Најпогодните места за одгледување на кафе сега се во Централна и Јужна Америка, главно во Бразил, Централна и Западна Африка и делови од Јужна и Југоисточна Азија, пишуваат авторите на студијата објавена во специјализираната публикација „Plos One“. Студијата е дело на тим истражувачи од Институтот за истражување на природните ресурси на Универзитетот за применети науки во Цирих.
Анализата на сценаријата за климатски промени до 2050 година покажува дека областите погодни за одгледување кафе нагло ќе се намалат. Најдобрите терени ќе се намалат за повеќе од 50 отсто, умерено погодни – од 31 до 41 отсто, пишуваат авторите на студијата.
foto freepik.com
