Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во светот е именуван првиот министер за кафе

Во светот е именуван првиот министер за кафе

Во Папуа Нова Гвинеја во новиот состав на Владата ќе има министри за кафе и за палмино масло, пишува „Гардијан“.

Министер за кафе е Џо Кули, а министер за палмино масло е Френсис Манеке. Папуа Нова Гвинеја има и посебно Министерство за земјоделство.

„Позицијата министер за кафе е веројатно прва од ваков вид во светот и покажува колку Владата е посветена на проширувањето на клучните земјоделски индустрии“, изјави премиерот Џејмс Марапе. 

Во кафулиња низ Австралија, САД и Јапонија служат топол пијалак направен од зрна одгледувани во Папуа Нова Гвинеја. Со оваа дејност се занимаваат малите земјоделци во селата, кои произведуваат близу 85 отсто од годишниот род. Кафето е извор на приход за речиси два милиони луѓе, околу една четвртина од населението. Економиите во повеќе земји  во светот зависат од производството на кафето. Климатските промени го намалија приносот.

Слично

Поврзани вести