Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Стразбур ќе се разгледува напредокот на Македонија во 2015

Во Стразбур ќе се разгледува напредокот на Македонија во 2015
Европскиот парламент во Стразбур  вечерва ќе расправа за напредокот на Република Македонија во 2015 година. Комисијата за надворешни работи на ЕП, минатиот понеделник со 42 гласа „за" и девет „против" ја усвои Резолуцијата, во која известувачот Иво Вајгл предлага до Европскиот совет отворање на преговорите за членство во Европската унија. Ова ќе биде седма последователна препорака од ЕП до Европскиот совет за отпочнување преговори со нашата земја. За Резолуцијата на ЕП ќе треба да се гласа утре и таа се однесува на Извештајот за напредок на земјава во евроинтеграциите. Во Резолуцијата има условена препорака за преговори и таа зависи од успешното финиширање на политичката криза со добро организирани избори на 5-ти јуни.
Слично

Поврзани вести