Во Стојаково најдени 57 мигранти
Во селото Стојаково вчера во 6 часот, полицијата забележала камион „ФАП“ со велешки регистарски ознаки, а во негова близина се пронајдени 57 илегални мигранти.
Од нив 28 се од Авганистан, 22 од Ирак, три од Пакистан, еден од Сирија, два од Иран и еден од Индија. Во 11 часот мигрантите се приведени во полициската станица на граничниот премин Богородица и ќе бидат спроведени до Прифатен центар за странци во Скопје.
Слично
