Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во становите каде е откриена фабрика за фалсификување лични карти најдени и прислушувани разговори

Во становите каде е откриена фабрика за фалсификување лични карти најдени и прислушувани разговори
Откако беше откриена фабрика за фалсификување лични документи од обвинителството велат дека во становите се најдени и десетици илјади снимени телефонски разговори.

Заменикот на основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје, јавниот обвинител Јован Цветановски информираше дека се оформени повеќе предмети во врска со оваа афера и веќе се издадени издадени се наредби за вештачење, претреси и разговори со повеќе лица за утврдување на фактичката состојба.

Цветановски појасни дека се пронајдени се голем број обрасци за патни исправи, возачки дозволи, лични карти и други документи за подготовка на невистинита документација.

Постапката се води против повеќе лица, а бидејќи главниот осомничен З.Б., веќе е на издржување казна затвор за него не е потребна дополнителна мерка за негово обезбедување.

Имено од владеачката партија вчера го обвинија опозицискиот лидер дека му дал 70 илјади телефонски разговори од нелегално прислушувани комуникации (таканаречени бомби кои се уште не се објавени) на осомничениот Бекири а Заев го демантираше ова тврдење истакнувајќи дека тие материјали се чуваат внимателно веќе со месеци.

Слично

Поврзани вести