Во српски град измерени 65 степени
Во Србија е многу топло, а во Јагодина се измерени 65 степени.
Српските медиуми пишуваат дека жител на Јагодина на балконот од својот стан измерил 65 Целзиусови степени.
„На балконот имам термометар кој мери до 50 степени и видов дека е исполнет до крај, па зедов поголем и се изненадив кога покажа 65 степени“- вели тој.
Се препорачува да се носи лесна облека, а на секои 20 минути да се пие чаша вода.
Се препорачува да нема скок меѓу оброци и да се прават паузи додека се патува.
Температурата денеска во неколку делови од земјата достигнала 40 Целзиусови степени, а тоа, според Хидрометеоролошкиот завод, е повеќе од доволно за да се прогласи црвен метеоаларм, кој означува опасни временски услови.
Слично
