Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во српската престолнина ќе се организира концерт за да се види како се шири коронавирусот

Во српската престолнина ќе се организира концерт за да се види како се шири коронавирусот

Во Белград ќе се организира концерт за да се види како се шири коронавирусот. 

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, најави дека ќе биде извршен контролиран експеримент за ширењето на коронавирусот. 

„Експериментот подразбира организација на концерт, а ќе биде утврдено кој ќе дојде на настанот, дали само вакцинирани или ќе бидат потребни тестови за антитела, негативни ПЦР тестови итн. Сите луѓе што ќе присуствуваат ќе бидат следени после тоа и можете да бидете сигурни дека српската наука ќе се покаже како успешна и дека сите ќе ги пренесат резултатите од студијата“, рече Весиќ.

Тој кажа дека градот ќе плати за логистиката, а експертите ќе направат медицинска студија.

Вакви концерти претходно имаше во Барселона, Амстердам и други градови.

Слично

Поврзани вести