Во среда ќе се одбележат 10 години постоење на Македонско-руската стопанска комора
Пред 10 години, визијата на група ентузијасти предводени од својот мотив за продлабочување и проширување на економската соработка на Русија и Македонија, ја придвижила идејата за создавање на оваа невладина организација промовирана во рамки на третата меѓувладина седница одржана на 25 март 2005 година во Скопје.
Денес, Македонско- руската стопанска комора е израз на вистинска врска помеѓу две пријателски земји, кои врз основа на традиционални, политички, културни и економски интереси токму со помош на оваа врска создаваат оптимални услови за инвестирање во развојот на бизнис заедниците на двете земји. Со своите успешни заложби за континуирано промовирање на интересите на сите свои членки, Македонско-руската стопанска комора е веќе етаблиран и доверлив партнер на полето на соработка со Руската Федерација и е член на мешовитата Македонско- руска меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка.
Најзначајниот ангажман наМакедонско-руската стопанска комора несомнено е нејзиното вклучување во работната група за трговско-економска соработка при Меѓувладината комисија предводена од копретседателот м-р Зоран Ставрески, Вицепремиер и Министер за финансии воВладата на Република Македонија. Тоа е секако потврда за капацитетот и стручноста на Македонско-руската стопанска комора во креирањето на политиките во економските односи со еден од најзначајните трговски партнери на нашата земја.
Како уште една потврда, а воедно и најголем успех на комората е потпишаниот договор за партнерство со Стопанската комора на Руската Федерација, како и со шест регионални руски стопански комори, преку што се отварува интензивна и плодна соработка.
Договорот за партнерство со Стопанската комора на Руската Федерација е потпишан во 2009та од страна на актуелниот Извршен Директор на Македонско-рукската стопанска комора на РМ М-р Дејан Бешлиев и заменик претседател на Стопанскaта комора на Руската Федерација Георги Георгевич Петров, од кога се одвива официјална соработка меѓу двете комори.
Соработката на Македонско–руската стопанска комора со бизнис заедницата во Македонија е на исклучително високо ниво. Плодовите на таа соработка се мерат со видливи резултати. Меѓу редовните активности на комората е организација на саемски презентации и средби на претставници на компаниите по посебни индистриски гранки. Во моментов комората брои 200 компании членки од 17 различни стопански дејности.
Македонско-руската стопанска комора пред се во соработка со своите активи членки, но и со помош на континуираната поддршка на релевантните институции во нашата земја и секако поддршката на Амбасадата на Руската Федерација во РМ, успева да трасира пат и создава поволна клима за соработка со руските бизнис партнери.
10 Годишниот јубилеј на Комората ќе се одбележи со пригоден дневен настан кој ќе се одржи во хотелот Александар Палас, во среда, на 25 март 2015, со почеток од 12 часот.
На настанот ќе присуствуваат бројни гости претставници на компании членки на Комората, како и други видни гости од Македонија и Русија од кои дел кои ќе имаат свои обраќања по повод овој значаен јубилеј. Помеѓу присутните на овој свечен настан, ќе бидат и членови од Владата на Република и Дипломатскиот кор.
Според најавите од страна на Главниот Извршен директор на Македонско – руската стопанска комора, г-дин Бешлиев, покрај истакнување на позначајните активности реализирани во текот на јубилејните 10 години, на овој настан ќе бидат презентирани и идните планови и ангажмани на комората во правец на задржување на континуитетот, развојот и понатамошното успешно делување.
