Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Србија „врие“ од фалсификувани пари

Во Србија „врие“ од фалсификувани пари

Во Србија според податоците од Народната банка највеќе се фалсификуваат банкноти од 500, 1000 и 2000 динари.

Оттаму велат дека расте бројот на фалсификувани банкноти. Во првата половина од годината се откриени 3.023 фалсификувани динари. Тоа е за 16% повеќе од лани, а дуплиран е бројот и на фалсификат странските банкноти во Србија.  Во Србија најмногу се „копираат“ банкноти од 500, 1000 и 2000 динари, 100 долари, и 50 и 100 евра.

На милијарда динари пуштени во оптег најдени се 26.540,2 фалсификати.

Имало и фалсификувани евра 1.142, што е за 2.8 пати повеќе од лани кога се откриени 414 банкноти.

Во истиот период имало 63 фалсификувани долари, и тоа е за три пати помалку од лани.

Слично

Поврзани вести