Во Србија: Враќаш млеко, добиваш пари
Маркетите во Србија ја прифакаат повратката на спорните производи, но со потврда, односно сметка дека стоката е купена токму од тој маркет. Трговците инсистираат на фискална сметка, но можно е и докажување без неа.
Граѓаните кои пазариле спорно млеко имаат право да го вратат во продавниците без оглед на тоа дали ја зачувале сметката или не, се наведува во соопшението на Националната организација на потрошувачи Србија. Сепак во пракса кај некои трговци оваа примена се практикува поинаки, бидејки тие се плашат дека млекото ќе им го враќаат и оние луѓе кои од нивниот маркет не пазареле.
И поголемите трговски ланци го прифаќаат враќањето на спорното млеко, но исто така со сметка како доказ дека е купено од нив, оние кои ја имаат фрлено сметката поминуваат низ подолга процедура за да докажат дека млек0то е купено токму од тој марект. Од белградското движење за заштита на потрошувачите потенцираат дека и оние купувачи кои платиле со картичка или чек, треба да имаат можност да ја вратат лошата роба без проблем.
Слично
