Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Србија – вонредна состојба од поплави, во Хрватска – од ветер!

Во Србија – вонредна состојба од поплави, во Хрватска – од ветер!
Вонредна состојба е прогласена во 13 општини во Србија од поплавите кои ја однесоа и првата жртва. Едно лице се удавило затоа што не ги послушало препораките на властите дека мора да се евакуира. Надојдената вода однела и еден пожарникар кој помагал при извлекување на луѓето во близина на реката Јасеница. По него сеуште се трага. Во текот на ноќта се евакуирани околу 500 луѓе, а извлекувањето од најпогодените региони и натаму трае. Вонредна ситуација е прогласена во градовите Ваљево, Шабац, Лозница, Чачак и Зајечар и општините Осечина, Коцељева, Лајковац, Уб, Љиг, Горни Милановац, Мали Зворник, Пожега, Владимирци, Кошериќ и Обреновац. Околу 100.000 домаќинства се без струја во моментов во Србија, како резултат на поплавите. Надлежните апелираат да се почитуваат препораките за евакуација, а Секторот за вонредни ситуации на Србија ги ангажира сите расположливи сили за заштита и спасување. Во Хрватска, пак, на сила е тревога заради силен ветер. Противпожарните екипи го расчистуваат теренот од откорнати дрвја. На територијата на речиси цела земја од вчера е на сила црвена тревога заради орканскиот ветер, а денеска се очекува и пад на температурите за 10 степени. „Се работи за исклучително интензивно метеоролошко случување. Можна е голема штета на големо подрачје и тоа во повеќето случаи со опасност и по живот“, предупредија хрватските метеоролошки служби.  
Слично

Поврзани вести